Приредувале игри на среќа без лиценца во Липково, по тој основ го оштетил Буџетот на РМ
Триесет и седум годишен жител на кумановското село Черкези со иницијали М.А. без лиценца приредувал забавни и игри на среќа во објект во село Оризаре во општина Липково. Со неплатениот надомест по тој основ го оштетил Буџетот на РМ за 6.457.500 денари.
Против М.А. полицијата поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично „даночно затајување“и „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, а против С.А.(27) од село Черкези за „помагање“, а во врска со „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
– На 25 април годинава во село Оризаре, Липково, полициски службеници, при контрола на објект без фирма, сопственост на Ф.Д., го затекнале пријавениот М.А. како приредува забавни и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган, со што одбегнал плаќање надоместок за добивање на лиценца во износ од 6.457.500 денари, и за тој износ го оштетил Буџет на РМ, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.