Почина родилка од гевгелиската болница- семејството обвинува за лекарска грешка
Родилка од Гевгелија почина дваесетина дена после породувањето. Семејството се сомнева во лекарска грешка. Триесетгодишната Елизабета Динева се породила на 29 минатиот месец во гевгелиската болница , а починала пред четири дена на КАРИЛ во Скопје. Сомнежите на семејството се дека биле направени пропусти во болницаата во Гевгелија. Сопругот на Елизабета, Александар вели дека таа имала нормалана бременост и се до породувањето немала никакви проблеми. Компликациите започнале откако се породила. За цело време додека била во болницата се жалела на проблеми и висока температура, но им било кажано дека тоа е нормално. Како потврда за тоа тој ги објави и пораките со неговата сопруга во кои таа му се жали дека има проблеми. И покрај се била испишана од болницата и пуштена дома, но само после два часа состојбата и се влошува и почнува да добива епилептични напади напади.
После седум часа откако ја стабилизирале состојбата во гевгелиската болница Елизабета повторно почнала да ги добива нападите по што било одлучено да биде префрлена во Скопје. Прво била примена на клиниката за неврологија, а потоа на КАРИЛ. Семејството било информирано дека Елизабета имала сериозни оштетувања на мозокот . Сопругот се сомнева дека настанале после царскиот рез со кој била породена.
Конечниот одговор за тоа кои биле причините поради ои настанала смртта кај неговата сопруга ќе го знае по добивањето на резултатите од обдукцијата.
За целиот случај денеска писмено реагираат и од министерството за здравство. Од таму информираат дека се утврдуваат причините за смртта на родилката. Од министерството додаваат дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека смртта на гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева е поврзана со нејзиното породување и оти станува збор за лекарска грешка.
Дополнително, од Министерството посочуваат дека, Државниот здравствен и санитарен инспекторат постапува во рамки на своите надлежности, а со вонреден инспекциски надзор се постапува во Општата болница во Гевгелија и кај матичниот гинеколог.