Суплементите не реагираат исто на луѓето и не им се потребни на сите во иста мерка, а помеѓу нутриционистите често се води расправа, во врска со тоа дали нашата порција со храна е доволна за да ги задоволи сите потреби на организмот, посебно кога станува збор за држење на различни диети. Меѓутоа, постојат минерали и витамини кои му се потребни на секого.
Светските диететичари, одговараат на прашањето кои се најважните додатоци во исхраната и на кому му се препорачуваат.
Витамин Д
Ова е еден од најнеопходните витамини. Се внесува преку природен пат, односно преку сончевата светлина и тешко се апсорбира преку храна, велат експертите.
„Овој витамин им се препорачува на сите возрасни луѓе, бремени жени, како и на децата постари од една година. Станува збор за дневна доза од 10 милиграми, посебно во текот на есента и зимата, поради превенција, за да не дојде до недостаток на витамин Д“, објаснува диететичар.
Железо
„Железото е многу значајно за младите жени за време на циклус, како и за веганите и вегетаријанците“, поткрепувајќи ги овие тврдења, со фактот дека 27 отсто од жените имаат недостаток на железо.
Тој недостаток најмногу е изразен кај девојчињата, кои се на возраст помеѓу 11 и 18 години. Недостатокот на железо може да предизвика, анемија, хроничен замор, проблеми со дишењето и бледа кожа.
Витамин Б12
Ова е клучен додаток за веганите, бидејќи најчесто се наоѓа во животинските производи и црвеното месо.
„Витаминот Б12 е важен за здрав нервен и имун систем, а потребен е и за создавање на црвените крвни зрнца“вели тој.
Калциум
Калциумот е богат со природни извори, како што се млечните производи и зеленчукот.
„Консумирањето на дополнителни таблети, може да биде препорачливо за оние кои имаат проблеми со густината на коските, бидејќи калциумот е клучен за одржување на здрави коски“, советува диететичар.
Ниското ниво на калциум во крвта, уште е познато како хипокалцемија, а може да се манифестира со симптоми, како што се болки во мускулите, грчеви во телото, а во екстремни случаи и епилепсија.
Фолна киселина
Ова посебно важи за бремените жени, вели нутриционист.
Сите жени кои планираат бебе, треба да земаат додаток од фолна киселина. Ова се однесува за сите бремени жени до 12 недела од бременоста вели еден нутриционист.
Витамини А и Ц
Се препорачува нивно внесување преку најразновидна храна, како што се на пример морковите, кивите, пиперките и така натаму. За децата, кои допрва почнуваат да консумираат разновидна храна, се препорачува да внесуваат капки со овие витамини, кои се земаат еднаш дневно.
Капките дејствуваат превентивно, на недостатокот на овие витамини во организмот на детето, па овозможуваат негов правилен развој.