Затвор 6 години за Кочан и Авировиќ 3 години, конфискација на имот од 17 милиони евра
Сеад Кочан е осуден на 6 години затвор за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“во предметот на СЈО за незаконскиот трендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен во РЕК Битола, познат како предмет „Труст“.
Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело е осдуен на 3 години затвор.
Двајцата добија и забрани од три години – Кочан да биде управител или дел од управен орган на некоја фирма, а Авировиќ да потпишува договори за јавни набавки во име на друго лице.
Третообвинетиот Сафет Ватиќ судот одлучи да го ослободи од обвинението.
Во „Труст“ беа обвинети и три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.
Судот одлучи да се конфискува имот во вредност од 17 милиони евра кои ќе бидат вратени во државниот буџет.
Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски по пресудата рече дека во СЈО се задоволни од одлуката на судот за конфискација, бидејќи за првтпат се конфискува имот во висина на целата сума на тендерот без никакви одземања. Според Бубевски веќе се обезбедени 90 проценти од вкупната сума што треба да се конфискува во движен и недвижен имот
Бубевски оцени дека вавка конфискација по бруто принцип е карактеристична само за современите правни системи.
Притвор за Кочан нема да се бара се до правосилност на предсудата бидејќи Кочан претходно дал гаранција во имот.
Во врска со висината на казната за Авировиќ, Бубевски рече дека иако минималната казна за ова дело е 5 години затвор, судот најверојатно му изрекол помала казна бидејќи има здравствени прболеми.
Засега СЈО не одлучиле дали ќе поднесат жалба за висината на изречените казни.