Димитриевски за тендерите, Живот за сите нема да дозволиме да биде живот за некого
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изутринасва се огласи по повод обвинувањата за сомнителното доделување тендери и грантови на луѓе блиски до власта. Таткото на Куманово на својот Фејсбук профил напиша дека доколку обвинувањата се вистинити, треба да се осудат и дека нема да дозволи да ни се случува Дежа Ву.
Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува “deja vu”. Доколку и 1 промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите, и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања! #ЖивотЗаСите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене бидејќи така многу лесно ќе преминеме на “темната страна”. Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – ГРАЃАНИТЕ на Македонија!