Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, попладнево во Скопје ќе се сретне со државниот министер надлежен за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.
Според најавата од МНР, на средбата ќе се разговара за последните активности кон реализација на надворешно политичките приоритети на Република Македонија и за претстојните чекори за целосна имплементација на постигнатиот Договор за решавање на билатералниот спор со соседна Грција.