Над 10 лица се повредени според првичните и неофицијални информации во сообраќајната несреќа меѓу автобус и камион, која околу 13:20 часот се случи на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево.
Повредените лица се пренесуваат во велешката болница, но засега нема информации за карактерот на повредите и состојбата на повредените лица.
Полицискиот увид се уште е во тек, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.