Мицкоски: Задоволни сме од постигнатиот договор, освен за референдумот
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски изјави дека е задоволен од постигнатиот договор, особено во делот за формирање на техничка влада по Пржинскиот модел за организрање на секои избори. Рече дека сега опозицијата се чувствува комотно и дека секако ќе има успешен изборен процес. Додаде дека е договорено да се запре постапката за измени во изборниот законик и членовите на ДИК повторно ќе се бираат со двотретинско мнозинство. Во вториот дел од средбата рече дека ќе се договараат за референдумскиот процес.
„Уште пред потпишивањето на Договорот со Грција ги прифативме условите за изборот на членовите на ДИК, усогласен беше текстот за Законот за финансирање на политичките партии, го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на т.н. „пржинска влада“ 100 дена пред секои избори. Денеска ќе заврши лидерската средба. Овде завршивме една фаза, се враќаме на прашањето за референдумот – карактерот, датумот и прашањето“, изјави Заев.
Поддршка за „пржинската влада“ Мицкоски доби и од Билал Касами, лидерот на Беса.
На маса се разгледува датумот за распишување на референдумот да биде на 30 јули, а претходно да се избере ДИК и да се узвои Законот за финансисрање на партиите и измените за Законот за Влада.
ВМРО-ДПМНЕ се повлече од барањето за измени во Кривичниот законик што се однесуваа на амнестија за обвинетите во настаните од 27 април минатата година.