44-годишен жител на Богданци ноќеска возејќи мопед на локалниот пат с.Стојаково-с.Селемли излетал од локалниот пат, по што починал на самото место.
Смрт била констатирана од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска канцеларија Богданци со полициски службеници од Полициска станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.