Тешко дека постои поздрав зеленчук од цвеклото, а кога ќе го подготвите заедно со лисјата, вашето здравје ќе ви биде благодарно!
На цвеклото карактеристичната црвена боја и силните антиканцерогени својства му ги дават антоцијаните. Но покрај нив, цвеклото содржи и бетаин кој има исклучителни антивоспалителни својства, го чува срцето и ги содржи витамините Б1, Б2, Б12, Ц, железо, магнезиум, јод и уште многу неопходни работи.
Цвеклото ја регулира циркулацијата, нивото на холестерол и ја потпомага работата на црниот дроб. Одлично е во борбата против анемијата, но и во борбата против стареењето.
Има високо ниво на антиоксиданти, целулоза и пектин, кој е сјаен за варењето. На сите спортисти им се препорачува консумирање на цвеклото бидејќи тоа ја зголемува силата и издржливоста на организамот.
А како да го консумирате? Сирово, цедено, сварено, печено – сето тоа доаѓа во предвид. А листовите никако не ги фрлајте туку сварете ги и нив бидејќи се неверојатно богати со калиум, а најновите истражувања покажаа дека внесувањето на намирници со високо ниво на калиум, со додатно намалување на натриумот може да го намали ризикот од срцеви болести за 21 процент.