СОСТОЈКИ:
400 гр домати
100 гр кромид
2 јајца
4 лажици брашно
1 лажица путер
1 лажица млеко
свежо мелен бибер
2 чешниња лук
1 лажица магдонос
пелат
мајчина душица
босилек
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со нож отсечете го горниот дел од доматите па издлабете со лажица.
Загрејте путер, на него издинстајте ситно сечкан кромид додека не стане стакласт, додајте ситно сечкан лук, па уште кратко динстајте и додајте сечкан магдонос.
Јајцата разматете ги, додајте им брашно, млеко, лажица свежи зачини и бибер. Измешајте со кромид, лук и магдонос.
Наполнете ги доматите со добиената смеса, поклопете со отсечениот дел и ставете во сад.
По желба можете да додадете и кашкавал, а на дното на садот за печење можете да ставите малку пелати.
Печете 35-40 минути на 150 степени.