Украдени лаптоп, мобилен телефон и пари од стан во Скопје

Дваесетгодишниот В.Д. од Скопје пријавил дека синоќа околу 2:30 часот во неговиот стан влегле три лица со фантомки.

 

„До моментот на пријавата лицата насилно го држеле во станот, a при излегување од станот едно од лицата со остар предмет му нанелo убодна рана. Оштетениот во пријавата посочил дека му биле одземени лаптоп, мобилниот телефон и пари, по што лицата го напуштиле местото на настанот, а оштетениот бил пренесен во Комплексот клиники  во Скопје соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави