Возило удри во метален столб од бензинска пумпа

Синоќа по 23 часот на патот Прилеп-Битола  патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистерски таблички управувано од А.Т.(19) од селото Дреновци изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење гориво и метален столб од бензинската пумпа.

„Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави