Иако најдобар начин да го избегнете мамурлукот е воопшто да не пиете, но со оглед на тоа дека се ближат празници, наведуваме неколку ефикасни начини како брзо да се ослободите од мамурлукот.
Алкохолот е диуретик, поради кои се губи одредена количина на течности, а тоа предизвикува мамурлук. Главоболката се јавува кога вашето тело се обидува да ја надополни течноста со собирање на крвните садови, а тоа го ограничува дотокот на кислород во мозокот.
Мозокот се обидува тоа да го компензира со проширување на крвните садови, а тоа предизвикува отекување.
Испијте многу вода. На вашето тело тогаш му е потребна рехидратација за да може да се носи со симптомите на мамурлукот. Најдобро е тоа да го направите пред да одите на спиење, но, во случај да не сте во можност тоа да го направите тогаш, можете наутро. Обичната вода и минералната вода се најдобри.
Подобро испијте парацетамол наместо аспирин. Аспиринот може да предизвика стомачни тешкотии, да ја засили вртоглавицата и мачнината, додека пак, парацетамолот ќе ја намали мачнината и грчењето на мускулите, без пропратни несакани ефекти.
Јадете слатка храна и испијте антацид. Чоколада, крофни и газирани пијалоци можат да ви помогнат да се чувствувате подобро. Антацидот испијте го пред да почнете да јадете, за да спречите нагон за повраќање.
Почекајте најмногу 48 часа пред да се одлучите повторно да пиете алкохол. На вашето тело му е потребно опоравување.