Заев:Повлечена кривичната пријава против Јанакиески за исклучување на телефонот на СДСМ
Премиерот, Зоран Заев, информираше дека една од пријавите кои СДСМ ги поднесе до јавно обвинителство по објавување на бомбите била отфрлена. Станува збор за пријавата против поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и функционери на ВМРО-ДПМНЕ вработен во Телеком, за барањето да се исклучат телефоните на СДСМ.
-Предистражната постапка покажала дека телефоните не се исклучени и останало тоа на муабет. Таа предистражна постапка е повлечена, но знам дека поголем дел од тие пријави се процесуирани, за дел се поднесени обвиненија, дел се во истрага, дел се во судски постапки – рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рушиди од „Алијанса за Албанците“.
Рушиди го праша премеирот што се случи со кривичните пријави поднесени против функцинери на ДУИ, на што Заев рече дека она што го знае го добива од телевизиите.
-Јас тоа што го знам го гледам од тв и таму се информиран. Знам дека има процесуирани пријави, ние битно немаме повлечено пријави, ниту една – рече Заев.
На тоа Рушиди рече дека во конкретниот случај е странка која обвинува, па би било добро да се информира до каде се постапките.
-Но разбирам дека вие сте под притисок, од една страна сакате да се оди до крај со вашата битка како што сте ветиле во борбата против корупцијата, но останува дилемата да се зачува владината стабилност. За жал сметам сте се определиле за второто. Но ниедна владина стабилизација не смее да оправда заштита на криминал – рече пратеникот.