Спектакуларен концерт на Северина во Охрид
Хрватската поп-ѕвезда Северина вечерва во Билјанини извори во Охрид со спектакуларен концерт, актуелна со хитовите „Хазардер“ и „Мртав за мене“.
Претходниот поголем концерт на Северина во Македонија беше во Скопје, во 2013 година, кој беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот „Добродошао у клуб“. Концертните настапи на таа турнеа беа богато мултимедијално шоу , а ги режираше покојниот словенечки режисер со светски успеси, Томаж Пандур.