По долго време повторно хаос во сообраќајот во Чаир
Сообраќајната полиција во последните неколку дена ги нема на територија на Чаир, поточно на улица Цветан Димов и повторно сообраќајот во хаос.
Пред извесно време полицијата постави свои контролни точки и во населбата Чаир, како и на т.н. „Пластичарска“ улица во Скопје, од каде се отстранети диво паркираните автомобили, и беше воведен ред во сообраќајот.
„Решиле да го средат Чаир, пластичарска среде бел ден. Да даде Господ и понатаму вака да биде“, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Но денешната слика е повторно иста паркирани возила од Бит пазар во правец кон Бутел се вози со часови од хаосот кој е настанат.