Идризово: Починатиот затвореник немал проблеми со здравјето

Скопјанецот Џенгис Џемаил (54), затвореник во „Идризово” починал од инфаркт, потврди денеска директорот на затворот, Боби Мојсоски. Според него, затворениците пробале да му помогнат, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.

-Затвореникот не се жалел на болка и според здравствениот картон, од септември минатата година не побарал никаква интервенција, рече Мојсоски.

Починатиот затвореникот во петокот бил примен во КПУ „Идризово”, од затворот Скопје каде бил во притвор. Затвореникот бил осуден на 20 години за убиство на Езерото Треска, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави