Овните се ентузијастични, Биковите нервозни, Близнаците сакаат промени, Раковите добро напредуваат, Вагите пред предизвици…
Ова е хороскопот за првиот ден од август.
Овен
Работа – Забрзајте го темпото на работа и не дозволувајте нешто да ве понесе во друга насока. Сакате соработка со една Девица и Бик. Ентузијастични сте во голема мера.
Љубов –Не ве пушта чувството на среќа и имате огромна помош и почит од страна на саканата личност. Ова е убав ден за вас.
Здравје – Одлично.
Бик
Работа – Работата ќе ве окупира во текот на целиот ден. Морате да бидете поупорни.
Љубов – Партнерот ве поддржува и чувствувате големо задоволство. Ако сте планирале заедничко излегување, не се откажувајте.
Здравје – Нервоза и раздразливост.
Близнаци
Работа – Тешки сте во комуникацијата со другите луѓе, а тие го користат вашето залагање како изговор за да ги избегнат своите обврски.
Љубов – Некоја личност упорно флертува со вас, но вие сте заљубени во друга личност.
Здравје – Занимавајте се со спорт денес.
Рак
Работа – Потрудете се да ја победите конкуренцијата на работното место. Морате да останете доследни на своите желби, но не и да ја упатувате енергијата на неважни нешта.
Љубов – Постапувате правилно кон партнерот. Можеби ви се чини дека сте преостри, но комуникацијата е супер.
Здравје – Солидно.
Лав
Работа – Не се здружувајте со луѓе кои не ги познавате добро. Ќе бидете отворени кон посебни ангажмани.
Љубов – Имате јасен став на ова поле. Не се трудите воопшто отворено да се поставите кон партнерот поради одредени причини од претходно.
Здравје – Проблем со психата.
Девица
Работа – Работите на повеќе сегменти и не можете да се фокусирате. Не се откажувајте од фактот дека ќе успеете.
Љубов – Некој би можел да ви зборува постојано дека сте многу наивни во однос на партнерот. Ако сте во врска со еден Лав, поставете граници.
Здравје – Потребен ви е одмор.
Вага
Работа – Не се гледате на тоа место веќе некое време и затоа не сакате премногу да се посветувате на обврските.
Љубов – Ако сте во брак, можеби ќе бидете изненадени со ставот на партнерот околу некои заеднички детали. Потребно ви е трпение.
Здравје – Проблем со бубрезите.
Шкорпија
Работа – Не сакате промени на работното место, но сакате да ви биде подобро.
Љубов – Наоѓате време да се видите со личноста која ви е драга. Можна е тајна љубовна врска со зафатена личност.
Здравје – Хроничните болни треба да внимаваат.
Стрелец
Работа – Доколку сакате да работите во странство, ќе бидете малку разочарани. Сепак, имајте трпение.
Љубов – Сакате нови предизвици, но сакате и да се забавувате. Денес е таков ден.
Здравје – Главоболка.
Јарец
Работа – Сакате повеќе работа да поминувате на задачите кои ви се поинтересни. Исто така, сакате проверени работи, не сакате ништо ново и иновативно.
Љубов – Имате намера да се ослободите од стегите на партнерот и да учествувате во социјалниот живот. Постои и одредена доза на љубомора од нивна страна.
Здравје – Чувствувате психолошки притисок.
Водолија
Работа – Можеби не се снаоѓате најдобро со некои нови задолженија, но ве очекуваат подобри резултати наскоро.
Љубов – Посакувате многу подобра позиција од онаа во која се наоѓате моментално.
Здравје – Не можете да го избегнете стресот.
Риби
Работа – Не се откажувате од целите кои подолго време ве водат.
Љубов – Не можете да заборавите на една Девица.
Здравје – Одлично.