Најсреќни се оние луѓе кои имаат прилика да уживаат на сонце во поголемиот дел од годината и поради тоа Австралијците се на врвот на листата најсреќни нации.
Ако не живеете во таква земја, годишниот одмор сигурно ви е многу важен за да уживате на плажа и да го надоместите недостигот на витамин Д што е клучен за здравјето, но и за сексуалниот живот.
Eкспертка за секс, вели дека овој витамин го стимулира лачењето на тестостерон, што е најодговорен за сексуалниот нагон, а сонцето е клучен фактор за добивање витамин Д.
Недостигот на витамин Д го намалува естрогенот кај жените, а со самото тоа и желбата за секс. Естрогенот исто така ги одржува вагиналните мсукули флексибилни и јаки.
„Истражувањата покажале дека мажите кои патат од недостаток на сексуална желба треба да поминуваат 30 минути дневно на сонце во текот на 14 дена за да го зголемат количеството на витамин Д, а со тоа и желбата за секс“, вели таа.
Ако не сте во можност да одмарате на сонце, земајте суплемент со овој витамин.