Најмалку 15 луѓе се повредени рано утрово во 6 часот, кога на пругата во белградската населба Рипањ се судриле патнички воз и товарна локомотива, пренесуваат српските медиуми.
Како што изјавил портпаролот Мирко Лутовац, можно е да има и лица со тешки повреди.
На терен се две лекарски и една транспортна екипа. Железничкиот сообраќај е во прекин. Според информациите, несреќата се случила во близина на тунел на пругата.