Мајстор за лифтови бил тешко повреден додека поправал лифт вчера во Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, во 14.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен Г.П. (28) од кумановското село Агино Село, вработен во приватна фирма.
Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булевар Србија лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот. Лекарите кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот