Платно со Саздо на прославата на Мечкин камен, нападната Владината делегација
Со говор на омраза кон Албанците, навреди, скандирања и извикувања на погрдни зборови беше проследена прославата на Илинден на Мечкин камен во Крушево. Припадници на неколку навивачки групи го попречуваа празнувањето на државниот празник на недоличен начин, а истите тие и подоцна ја нападнале владината делегација.
За време на положувањето цвеќе пред споменикот тие пееја „Македонија на Македонците“ и извикуваа „шиптарски пи*ки“, „мртов шиптар, добар шиптар“, „за шиптари гасна комора“. Навивачки групи организирано пристигнале од Битола, Кавадарци и Прилеп. Тие држеа платно со ликот на Никола Саздовски – Саздо, кој беше претепан до смрт пред еден месец во Скопје.
Во Крушево се обрати претседателот Ѓорге Иванов, кој упати остри зборови кон Владата, против Договорот со Грција.