Најмалку три лица загинаа во сојузната мексиканска држава Идалго кога се сруши дел од рудник за мермер, соопштија властите.
Во соопштението на владата, објавено на нејзиниот профил на „Фејсбук“ се наведува дека до рушењето дошло во општината Франциско И. Мадеро.
Се додава дека канцеларијата на државниот обвинител потврдила оти е пронајдено едно тело, а продолжува потрагата по уште четворица рудари за кои се верува дека се заробени под камењата.
Гувернерот Омер Фајд наведе доцна синоќа, по пат на „Твитер“ дека се пронајдени уште две тела, што значи дека вкупниот број на жртвите е три.
Како што се наведува, лицата кои се водат за исчезнати се наоѓале во возило, кое се движело на еден од патиштата во рудникот кога дошло до рушењето.