Четворица млади повредени во страшна сообраќајка кај скопско Бојане

Четворица млади повредени во страшна сообраќајка кај скопско Бојане

Синоќа околу 20,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопат Тетово-Скопје, кај с.Бојане патничко моторно возило “Опел корса“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.С. (20) од Скопје излетало надвор од коловозот и се  превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.С. и двајца сопатници Т.С.(20) Ѓ.Ѓ. (32) а со телесни повреди се здобил сопатникот Б.К. (29) сите од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави