Скопје ќе добие нови 5 километри велосипедски патеки
Овој период се започнати или треба да започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над 5 километри, а нови патеки ќе се добијат на следните локации:
- Булевар „Борис Трајковски“, од крстосницата кај булевар „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ во вкупна должина од 3132 метри;
- Улица „11 Октомври“ од крстосницата кај булевар „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во должина од 666 метри;
- Булевар „Крсте Петков Мисирков“ од крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар во должина од 1142 метри; и
- Улица „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ во должина од 310 метри.
Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на реконструкција на велосипедските патеки на булевар „8-ми Септември“ од крстосница со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосница со улицата „Скупи“, соопштија од град Скопје.