Поминаа две години од невремето што предизвика поплави во скопско, при што животот го загубија 22 лица.
Невремето кое се случи попладнето на 6 август во 2016 година, донесе обилни врнежи и силен ветер, а најголема беше штетата во селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Тогаш наврнаа 92,9 литри дожд на метар кваратен, во рок од 24 часа, а само во првите два часа од почетокот на невремето биле регистрирани повеќе од 800 громови.
Граѓаните заедно со институциите координирани од Црвениот крст се соолидализираа за испорачување на неопходната помош, а помош во форма на пумпи и намирници пристигна и надвор од границите.