Димитријевиќ: Последиците од поплавите во Гази Баба се случија поради неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ
Две години од катастрофалните поплави во општина Гази Баба, кои одзедоа 24 човечки животи, граѓаните од Стајковци, Сингелиќ, Црешево, Инџиково, Брњарци, Виниче, Смилковци, упатуваат порака: не смее да се заборави за никогаш да не се повтори.
Невремето не можеше да се спречи, но поплавите кои однесоа голем број човечки жртви се случија поради неодговорност на првите луѓе во градот Скопје, општината, и државните институции, тогаш сите предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски не ги презеде мерките за одржување на ободниот канал за одводнување.
Запоставени беа каналите на потегот од Камник, Сингелиќ, Стајковци, Брњарци и Арачиново.
Несредените речни корита на водотеците од Скопска Црна Гора, кои доаѓаат од Раштак, Булачани, Црешево, Виниче, Страчинци и Брњарци беа оставени на целосно негрижа.
Ерозијата на земјиштето на Скопска Црна Гора се предизвика од неконтролирано сечење на дрвната маса.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заглавена во криминални шеми за богатење на фамилијата не инвестираше во инфраструктурата и целосно погрешно дејствуваше за време на поплавите. Граѓаните беа оставени сами на себе.
Бројните доброволци, граѓани, активисти, здруженија, помогнаа да не се случи уште поголема катастрофа, за што граѓаните на Гази Баба се посебно благодарни.
Денеска, по промените, каналите и каналните мрежи се чисти. Општината и надлежните министерства преземаат мерки за нов ободен канал над северната заобиколница.
Шумите на Скопска Црна Гора се прогласени за заштитено ерозивно подрачје со што ќе се спречи натамошната сеча.
СДСМ презема одговорност, никогаш да не се повтори институциите да не делуваат за заштита пред поплавите, да не се случи недостаток на инвестиции во инфраструктурата, да не се случи каналите да бидат неисчистени, да нема погрешно дејствување за време на поплава.