Видео од апсењето на македонските државјани осомничени за тероризам
Министерството за внатрешни работи објави видео од приведувањето на седумте лица кои се осомничени за тероризам во друга земја, односно дека учествувале во војните во Сирија и Ирак.
Како што претходно соопшти полицијата Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, , за кои е распишана меѓународна потерница .