Младо момче упатувал закани до девојка дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографи
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во јуни 2018 година, пријавениот ги злоупотребил личните податоци на неговата поранешна девојка Д.М. (19) од Гостивар, на тој начин што на социјалната мрежа „Инстаграм“ отворил профил употребувајќи нејзини лични потаци и фотографија и и се заканувал дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии.