Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека се залага за разграничување со Албанците во Косово и Метохија.
„Јас сум за и тоа е мојата политика за разграничување со Албанците. Тоа дека имаме територија за која не се знае кој како ја третира и што на кого му припаѓа, тоа секогаш е извор на потенцијален конфликт“, изјави Вучиќ за новинарите во Шид.
Тој додаде дека не може да навлегува во детали за она што се преговара со косовските Албанци, бидејќи на тој начин ќе ги отвори картите на Србија во преговорите.
Вучиќ, исто така, објасни дека договорот меѓу Белград и Приштина ќе биде сеопфатен пакет кој не е едноставен како што некои го замислуваат.