Препораки од Министерство за здравство за заштита од топлотни бранови
Секоја година високите температури влијаат негативно на здравјето на луѓето во смисла ја влошуваат состојбата кај лицата кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести, ментални нарушувања. Тоа доведува до зголемување на стапката на морталитет во летните месеци кај вулнерабилните групи на населението, а тоа се старите лица, хронично болни лица, доенчиња и работници на отворено.
Но, можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем и други.
Сите овие негативни ефекти се превентабилни, односно можеме да ги спречиме ако се придржуваме кон следните препораки:
Како да се однесуваме при високи температури – топло време?
За време на најтоплиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.
Носете светла и лесна облека, (зашто светлите бои ја рефлектираат светлината), а при директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
Останете во затворени климатизирани простори, на температура од 23-25 о С. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
Внесувајте големо количество течност (не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо –калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
При неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
Кога сте во своето возило – отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во zдравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo измерете ја својата телесна температура.
Веднаш напиjте се вода или негазиран минарален пијалак за да се рехидрирате.
Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено местои напијтесе течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
Консултирате се со свјот доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!
Ако некој член на Вaшето смејество или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;
Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија; Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, свртете го на страна.
Други можни ризици по здравјето при високи температури се: Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!
Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје).
Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4 о С, а пред употребата да се загрее на +100 о С.
Избегнувајте производи кои термички не се обработени, и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.