Обид за убиство во Кавадарци – со нож му нанел убоди по телото
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.С. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
На 07.08.2018 година околу 14:00 часот во дворот од својот дом на улица „Браќа Досеви“ во Кавадарци пријавениот со нож му нанел неколку исеченици во пределот на градниот кош и левиот рачен зглоб.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.