Уапсен Албанец кој затру две семејства: Поради 5 кокошки уби 8 роднини

Уапсен Албанец кој затру две семејства: Поради 5 кокошки уби 8 роднини

Албанската полиција рано утрово го уапси Ридван Зикај (24), осомничен дека убил осум члена на своето семејство.

Осомничениот Зикај е уапсен километри подалеку од селото Ресуљај, а на 90 километри јужно од Тирана. Потерата за масовниот убиец траела повеќе од 12 часа.

Полицијата  го пронајде и калашниковот со кој е извршен масакрот во семејството. Ккао што се наведува, Зикај би можел да биде осуден на доживотен затвор.

При апсењето бил потполно мирен и ладнокрвен, без трошка емоции во очите. Албанските медиуми пренесуваат дека Зикај најверојатно бил ментално заостанат.

Наводно мотив за масакрот е кражба на 5 кокошки од пред 5 години, поради што постојано бил во судир со овие две семејства чии членови ги уби дури во петокот.

Тој поднапиен по ручекот тргнал со калашникот во крвавиот поход. Најпрво го убил Демир Зукај (75, брат на својот дедо), потоа неговата жена Ферија (72), двата сина и снаа, како и малолетната внука Сара (17) и внукот Леѓон (9).

Албанските медиуми вчера објавија дека Зикај со автоматско оружје убил 8 и ранил 6 лица. меѓу убиените има жени и деца.

Треба да знаете
Последни објави