Маскирани лица палат палми пред клиниката Жан Митрев
Во два наврати група млади луѓе потпалуваат палми кои се засадени пред клиниката Жан Митрев во скопски Карпош.
Снимките ги објави клиниката на својот Јутјуб канал, а се снимени со безбедносните камери на „Жан митрев клиника“.
Првиот случај е регистриран во сабота околу 1:30 часот, додека вториот ноќеска околу 2:30 часот наутроВо текот на изминатите денови во градината на Клиниката „Жан Митрев“ се запалени две палми од страна на група млади лица, информираат од Клиниката.
Едниот случај е регистриран минатата сабота во околу 1.30 часот, а другиот синоќа околу 2.30 часот.
Синоќа група млади со син голф специјално паркираат пред клиниката и маскирани со маици врз лицето потпалуваат едно дрво и бегаат.
Видеата ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа некој да направи ваков вандалски, нецивилизиран чин, објави МИА.
Скопските палми кои беа засадени во рамки на една од акциите „Ден на дрвото“ не успеаја да преживеат суровата зимска клима лани, додека дел од дрвата увезени од Кина беа запалени и уништени од граѓани бидејќи кората лесно се пали и гори.