Титаник:Не може да бидеме осудени врз основа на материјали кои нелегално се прислушувани
Не можеме да бидеме осудени врз основа на материјали кои произлегуваат од грубо кршење на нашите човекови права. Ова денеска на судењето за случајот Титаник го истакнаа екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кои се повикаа на праксата на Судот за човекови права во Стразбур. Според нив со масовното прислушувањ во УБК тие се оштетени странки.
Тие побараа и да се изврши автентичност на приложените бомби како докази.
-Немаме гаранција за потеклото и досегашното ракување со материјалите кои произлегуваат со грубо кршење на човековите права преку незаконско долгогодишно следење на комуникациите. Се наметнува потребата за идентификација на сите активности околу бомбите, истакна Јанакиески.