Двајца параглајдеристи загинаа во Крушево
Двајца параглајдеристи загинале денеска во близина на Мечкин камен кај местото Црн врв откако доживеале несреќа при скокот, потврдија за Република од ПС Крушево. Едниот починал на лице место, а другиот им подлегнал на повредите во болницата во Прилеп.
Како што велат од полициската станица, несреќата настанала многу кратко откако скокнале, а постојат соменвања дека еденот од параглајдеристите доживеал излив, по што во воздухот со себе го повлекол и вториот. Неофицијално, лицето кое починало на лице место е од Украина, а вториот починат е од Велика Британија.