Од МВР соопштија детали околу случајот со запалените палми пред клиниката на Жан Митрев во Скопје.

-Во врска со случајот од 15.08.2018 година околу 02,40 часот кога две непознати лица запалиле дрво (палма) пред клиниката Жан Митрев во Скопје, по преземени мерки на 16 август во Полициска станица Кисела Вода се повикани три лица и со истите е обавен разговор, се вели во денешниот дневен билтен на МВР.

Од полицијата соопштуваат дека во консултација со Јавен обвинител по целосно докуемeнтирање на случајот против две лица на возраст од 17 години од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од КЗ на Р.Македонија.

Третото лице, 18 годишен жител на Гостивар го управувал патничкото моторно возило “Голф 4” со кое пристигнале на местото на настанот.