На американската амбасада во Анкара, во околу 5 часот по локално време, испукани биле неколку куршуми од возило во движење, при што бил погоден прозор на куќичката за обезбедување, пренесуваат турски медиуми.
Полицијата ги бара осомничените, а за среќа, во нападот нема повредени , пренесуваат тамошните медиуми.
Пет или шест истрели се слушнале во близина на куќичката за обезбедување на капијата на амбасадата.
Куршумите биле испукани од бел автомобил во движење, кој побегнал пред да се види бројот на неговите регистарски таблички.
Како што се наведува, нападот се случил во околности на влошени односи меѓу Анкара и Вашингтон, поради судењето на американскиот свештеник Ендру Брансон во Турција.