Претседателот на ДИК,Дерковски, добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите кои се пуштаат во јавноста.

Во еден од разговорите од 30 мај 2011 година, Миле Јанакиески, ексминистерот за транспорт и врски, на Дерковски, кој тогаш бил директор на МЖ Транспорт, му вели дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето:

“Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а после неопределените”.

Јанакиески на Дерковски му вели дека му треба листа со конкретни активности за денот на гласањето.

Во друг разговор, Миле контактира со командирот на сообраќајната полиција во Радовиш, Ѓорѓи, и му вели:

“Имате доста влијание во Конче. Да контактирате таму со нашиот тим и да направите една тура од врата до врата”.

На тоа командирот го прашува дали да му се јави и да го извести што направиле, Јанакиски му потврдува.

Треба да знаете
Последни објави