Протугер: Ќе ги згазиме СДСМ! А ноќта на петти, ќе им се мочам во уста на А1
Обвинетиот Мартин Протоѓер шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски исто така обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, според бомбите што е се слушаа денеска во Кривичниот суд, во телефонски разговор непосредно пред парламентарните избори во 2011 година на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ѝ одговара како стои ВМРО-ДПМНЕ на теренот.
„Ќе ги згазиме! А ноќта на петти, ќе им се мочам во уста на А1!“, вели Протоѓер.
Анкетите им ги изработува Владимир Божиновски-Влајко, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) кој денес се декларира како независен аналитичар. Јанкулоска во разговор вели дека тој имал еден куп нарачки, цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ му бил на грб. Но, и дека ветил оти на толку работа, ќе ја повтори ако треба анкетата за четвртата изборна единица, каде што од необјаснети причини паѓал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред изборите.
Според документите што ги објави новинарската истражувачка мрежа БИРН лани на 5 септември, повеќе од 600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење. „Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски – Влајко, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура“, вели БИРН.
Во Кривичниот суд Сега се слушаат бомби како Јанакиески договара со транспортни фирми на нивни трошок да разнесуваат гласачи, наши иселеници, во избирачките места во дијаспората