Дете го удира гром, по три дена се разбуди од кома, од смрт го спаси само еден предмет
Џосаја Вајдмен (13) се шетал со пријател по паркот во Ел Мираж, во Аризона, кога го удрил гром.
На снимката од надзорната камера јасно се гледа дека тинејџерот прво го осветлило светло, потоа го фрлило во воздух, а тој паднала на глава и останал да лежи неподвижно.
За среќа, детето се опорави и во медиумите опиша што му се случило. Рекол дека само се сеќава на „ситен налет на горештина“.
Џосаја до небо му е благодарен на Кори, човекот кој веднаш притрчал кон него и почнал да го оживува.
„Почувствував топлина на телото, но ништо посебно – и потоа замрачување. На ништо не се сеќавам. Кори ме врати во живот. Да не беше тој, веројатно до сега ќе бев мртов“, рече детето.
Инаку, Џосаја во моментон на удар на гром носел скејтборд во рака, па се смета дека токму тоа му го спасило животот, зошто металниот оквир на скетот го „спуштил“ громот до земјам, но громот не погодил директно во него. Од падот на земја, добил потрес на мозокот, а имал и помала изгреница на ногата. Кога го удрил громот, срцето му застаналао, а докторите во вовеле во вештачка кома.
„Се разбудив три дена подоцна во болница, мислејќи дека сум имал дремка. Да не беше скејтот, веројатно ќе бев мртов или со болки. На некој начин, тоа ми го спаси животот“, рече тој.
Неговиот пријател исто така почувстувал пецкање по телото, но не се здобил со никакви повреди и останал свесен. И скејбордот останал здрав – не се ни гребнал.