На крстосницата од улица „Славеј Планина“, ул.„362“, улицата „Македонско Косовска бригада“ и улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, вчера во 22:30 часот, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Ф. К. од село Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.
Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Полицијата презема потребни мерки за целосно расчистување на случајот.