Најчест причинител на надуеност е голтањето на воздух преку јадењето, поради брзото јадење и недоволното џвакање на храната.
Надуеноста во цревата предизвикана од бактериите се случува доколку цревната флора е пореметена, на пример при земање на антибиотици, поради прејадување и интолеранција на лактоза и сл.
Чудотворен тоник против надуеност
Состојки:
– шолјичка вода
– малку мелен ѓумбир
– малку мелен ким
– малку морска сол
– ½ лажичка семки од коморач
Подготовка:
Кога водата ќе зоврие ставете ги сите состојки. Варете околу пет минути. Оставете го малку да се олади и испијте го топол. Надуеноста би требало да исчезне во рок од половина час.
Благотворна камилица
Цветовите од камилицата се употребуваат кај проблемите со варењето, најчесто за ублажување на опстипацијата и надуеноста. Една лажица цветови од камилица прелијте ги со 2 дл врела вода и поклопете ги пет до десет минути. Процедете и испијте. Чајот немојте да го подгревате ниту долго да го оставате поклопен, бидејќи така се губат лековитите својства на камилицата.
Напиток од ананас и целер
Состојки: Половина мал ананас, половина главица коморач, две стебленца целер со листови, парче корен од ѓумбир со големина од 2 до 3 саниметри.
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и додадете малку вода по желба. Мешајте го напитокот додека не добиете еднолична смеса. Пијте го на празен стомак додека да исчезнат тешкотиите.