Седумнаесетгодишно момче со автомобил излетало од патот и се забило во дрвја на локалниот пат од Илинден кон Трубарево. Во автомобилот имало уште две лица на возраст од 17 и 19 години. Сите тројца се здобиле со тешки повреди.
Според информациите на МВР, утрово во 5 часот, автомобил „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј. (17) од село Трубарево, скопско, излеталo од коловозот и удрилo во дрвја. Возачот и сопатниците Б.Д.(17) и К.Т. (19), двајцата од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. На сите им биле констатирани тешки телесни повреди.