Александар Јончевски пронајде нов ангажман во тренерската кариера, ќе седне на клупата на косовската екипа Трепча.
Како што информираат од клубот, договорот со успешниот стратег е веќе постигнат и од петок ќе започне со работа во тимот.
– Цврсто веруваме дека со Јончевски ќе ги имаме успесите кон кои целиме како тим и дека ги заслужуваат нашите страсни навивачи и нашиот град. Му посакуваме добредојде и му посакуваме успешна работа со нашиот тим – пренесуваат од КК Трепча.
Јончевски воедно е селектор на најдобрата македонска репрезентација со која имаше успешен старт во претквалификациите за Европското првенство 2025.
На клупски план ги водеше екипите на Гостивар, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром со кој ја освои титулата шампион на Македонија и националниот Куп во 2016 година.