Научниците откриле дека во август се случува нешто невообичаено, кое нема никаква поврзаност со тропските горештини.
Како секоја сезона да носи свои моменти : на пролет се заљубуваме, а сега имаме и сезона на раскинувања и разводи. Социолози на универзитет утврдиле дека постои одредено време во годината која двојките се раздвојуваат.
Научниците не успеале да ја утврдат точната причина за тоа, но посочуваат дека можеби за оваа појава е „виновно“ одењето на одмор, кога и луѓето сфаќаат дека не се едни за други. Тие истакнуваат дека често се верува дека заедничкиот одмор може да ја зацврсне врската, но тој носи крај за оние кои врски кои не се доволно цврсти за да опстојаат.