Дијаспората без интерес за учество на референдумот
ијаспората незаинтересирана за референдумот на 30 септември. Од околу 87 илјади иселеници кои се на Избирачкиот список само 2.755 се пријавиле за гласање во дипломатско консузуларните престтавништва. Тоа е за речиси десет пати помалку од пријавите што стигнаа од дијаспората за парламентарните избори во 2016 година, кога во дкп-ата гласаа околу 21 илјада иселеници. Ќе се гласа во 33 од 50 градови низ светот во кои имаме амбасада или конзулат.
Пријавувањето за гласање во странство заврши. Оние иселеници кои не се пријавиле за гласање надвор ќе останат на Избирачкиот список, но тие своето право ќе можат да го искорстат само доколку се во државата и ќе гласаат според нивното пријавено живеалиште во Македонија.
Дијаспората ќе гласа на 29 септември, ден пред граѓанското изјаснување во Македонија. За ова, според проценките на ДИК, ќе бидат потрошени околу 200 илјади евра.
Заврши и јавниот увид во Избирачкиот список. Проверка на податоците во евиденцијата направиле 16 илјади 800 избирачи преку веб страницата на ДИК и 5641 граѓанин преку подрачните единици.
Избирачкиот список ќе биде заклучен на 7 септември.