Македонија се подготвува за невреме, предупредување од жолта фаза
Македонија се подготвува за невреме. Циклонската активност над Балканот според метеоролозите треба да донесе интензивни временски метеоролошки процеси, односно пороен дожд и грмежи кои ќе бидат во форма на невреме. За денеска на целата територија на Македонија е издадено предупредување од жолта фаза како опасност од невреме.
Слични се најавите и за утре со предупредување дека на одредени места поројните дождови ќе можат да предизвикаат и поплави.
Во Скопје барем до крајот на денот ќе имаме вистинско лето кога станува збор за температурите. Наоблачувањето во текот на денот нема да придонесе за нешто посвежо време се до 20 часот.
Тогаш се очекуваат и првите услови за врнежи од дожд. Дождот кој се очекува оваа ноќ според најавите ќе се задржи и во текот на утрешниот но и наредните неколку денови, а температурите значително ќе се намалат.