Страшно невреме го зафати Дубровник
Во Дубровник за помалку од два часа наврнале 40 литри дожд што предизвикало поплава во градот.
Забележани се и одрони на патиштата.
Невремето предизвикало проблеми и во авиосообраќајот, така најмалку три авионски линии и тоа од Рим, Атин и од Истанбул се пренасочени на други аеродроми.
Поради силен ветер автопатот Ријека – Загреб е отворен само за автомобили.
Од удар на гром е повредено еден турист во камп кај Пореч. Оштетени се и возила од икорнати дрвја. Без електрична енергија останале повеќе населени места.